Датацентар решенија

Зголемената потреба од користење на разни IT сервиси и апликации која го олеснува секојдневното работење доведе до драматичен раст на потребата од серверска и датацентар околина. Во исто време, денешната технологија за виртуелизација им овозможува на корисниците консолидација на IT сервисите и правилен распоред на ресурсите со цел зголемување на достапноста, флексибилност во поглед на воведување на нови IT сервиси и апликации како и поедноставување на процесот за Disaster Recovery, намалувајќи ја крајната целокупна цена.

Нашиот тим за системска интеграција може да дизајнира датацентар инфратруктура со цел да ги исполните горенаведените придобивки. Нашето долгогодишно акумулирано искуство поврзано со дизајнирање и изведба да датацентар опрема од најреномираните производители ни овозможува да ви понудиме решенија кои вклучуваат (rack сервери, разни технологии на сториџи, blade системи, UPS системи, rack активна мрежна опрема и др.). Симт има сертифицирани експерти кои можат детално да ја анализираат вашата моментална структура и согласно вашите потреби  да создадат и реализираат идеално решение кое ќе ги задоволи сите ваши бизнис потреби.

Во поглед на виртуелизацијата на вашата датацентар околина нашите експерти ќе ви понудат:

  • Детална проценка и анализа
  • Планирање на потребниот капацитет
  • Идентификација на сервисите погодни за виртуелизација
  • Дизајн и имплементација на решението
  • Миграцја на постоечки системи

Редовно одржување на решението

Дел од нашите референци
лого бом
Switch The Language

    Следејќи ги современите тенденции и земајќи ги предвид барањата на корисниците, нашата компанија нуди 12 часовно и 24 часовно одржување согласно потребите на клиентите како и Help Desk услуги
    Адреса
    Партизански одреди 149 мезанин 2 1000 Скопје, Р.Македонија
    Телефон
    +389 2 3069 591
    EMAIL
    simt@simt.com.mk
    НБО Техничка поддршка тел.
    +389 2 3093 795; +389 2 3081 475
    НБО Техничка поддршка емаил
    helpdesknbo@simt.com.mk